Халанд стана најбрзиот играч во Бундеслигата!

Дека Ерлинг Халанд е исклучително брз играч не е ништо ново. Ретко кој фудбалер може да го следи и да му се спротистави на одличниот Норвежанец во дресот на Борусија барем кога станува збор за брзината.

Дваесетгодишниот голгетер и вчера ја демонстрираше една од неговите посилни карактеристики. На дуелот против Штутгарт, Халанд достигна брзина од дури 36,04 км на час, што е рекорд оваа сезона во Бундеслигата.

Најдобриот играч на „жолто-црните“ со оваа брзина зад себе ги остави Маркус Турам (35,97 км на час) и Алфонсо Дејвис (35,95 км на час).

Борусија го доби натпреварот со 2-3, а интересно е што Халанд не ја затресе противничката мрежа, туку асистираше за победничкиот гол.

Сепак, статистиката вели дека Халанд сè уште не е ниту „близу“ до Килијан Мбапе, кој пред две години постигна нереална брзина од 38 км на час.

 

 

Се вчитува...