Халанд заминува од Манчестер Сити поради Пеп Гвардиола?

Едуардо Инда, познатиот шпански новинар и уредник на медиумот „Okdiara“ тврди дека Ерлинг Халанд може да замине од Манчестер Сити следното лето поради незадоволство со тренерот Пеп Гвардиола.

До истото дошло по доделувањето на „Златната топка“ каде Гвардиола го пофали освојувачот на наградата Лео Меси изјавувајќи дека неговата најлоша сезона е исто толку вредна колку најдобрата на Ерлинг Халанд кој ги предводеше „граѓаните“ до „триплета“, постигнувајќи 52 голови во сезоната.

Таа фраза воопшто не му се допаднала на младиот Норвежанец кој очекувал дека неговиот тренер ќе застане зад него.

Халанд кој се поврзува со трансфер во Реал Мадрид во договорот со Манчестер Сити има откупна клаузула која ќе биде активирана следното лето, но засега останува непознато кој е точниот износ.

Се вчитува...