Халеп експресно до полуфинале на Вимблдон

Романската тенисерка Симона Халеп без изгубен сет се пласираше во полуфиналето на третиот гранд-слем турнир во сезоната, Вимблдон. Романката во четвртфиналето со максимални 2-0, по сетови 6-2 и 6-4 беше подобра од Американката, Аманда Анисимова.

Првиот сет на експресен начин го доби Халеп со 6-1, а во другиот имаше пад, па по предноста од 5-1 и дозволи на противничката да дојде до 5-4 и 0-40. Сепак, поранешната шампионка успеа да се извади од овој проблем и да слави со 6-4.

Во полуфиналето Халеп ќе игра со Eлена Рибакина која славеше над Австралијката, Алја Томљановиќ со 2-1 (6-4, 2-6 и 6-3).  Првото полуфинале го сочинуваат Жабер и Марија.

Се вчитува...