Халеп нема лек за „комплексот Шарапова“

Симона Халеп повторно ќе извиси во трката за првото место на ВТА-листата откако Романката беше елиминирана веќе во првото коло од УС Опен. Ждребот не и беше наклонет на втората носителка, која веќе на стартот мораше да се сретне со Марија Шарапова, ривалката од кој ги имаше загубено сите досегашни шест дуели во кариерата. Иако Романката играше одлично во последно време, а Русинката се враќа по суспензијата изречена од ИХФ, Халеп сепак се уште нема најдено лек за „комплексот“ Шарапова, па го загуби овој дуел со 1-2 во сетови. Руската тенисерка го доби првиот сет со 6-4, Халеп возврати со иста мерка во вториот (иако противничката имаше водство од 4-1), но кога беше најважно Шарапова одигра одлично во третиот сет и стигна до победата.

Пласман во второто коло обезбеди и Вознијацки со победата од 6-1, 7-5 над Бузарнеску од Романија, како и Венус Вилијамс, која славеше над Кузмова од Словачка.

Се вчитува...