Хамбарџумјан: Добро ги знам Македонците, силни се… ќе треба многу напор за успех!

Македонија и Ерменија утре од 18 часот на националната арена „Филип Втори“ во Скопје во второто коло од Лигата на нации во првата директна пресметка која може да одлучува за првото место во Групата 4 од Лига Д.

Свесни се и во таборот на Ерменците за важноста на овој натпревар. Свесен е и поранешниот вардаров фудбалер Хофханес Хамбарџумјан за квалитетот на македонската селекција поради што за нив ќе треба многу повеќе напор, од оној против Лихтенштајн, доколку сакаат успех….

„Против Македонија многу подобро од она што го покажавме против Лихтенштајн доколку сакаме успех. Многу добро ги познавам Македонците знам со каков силен состав располагаат со фудбалери кои настапуваа во силни европски лиги, а дополнително добро знам фудбалери со кои играв заедно како Николов, Спировски, Муслиу, Тошевски… Навистина се квалитетни, и затоа знам дека ќе треба многу поголем напор од оној против Лихтенштајн. Но, секако нашата цел е позитивен резултат од гостувањето во Македонија“ – вели Хамбарџумјан пред утрешниот дуел.

Ерменците денеска од 18 часот на „Филип Втори“ ќе го одработат и единствен тренинг пред утрешниот натпревар.

Се вчитува...