Хамбарџумјан стрелец на убав гол за Ерменија… (видео)

Десниот бек на Вардар, Хофханес Хамбарџумјан го запиша својот прв гол во дресот на репрезентацијата на Ерменија низ квалификациите за СП 2018 во Русија.

Хамбарџумјан беше стрелец на единствениот гол за Ерменија во убедливиот пораз од 1-6 на домашен терен од Полска. Фудбалерот на Вардар погоди со глава во 38. минута од средбата, намалувајќи на 1-3 во тие моменти…

Во нападот на Ерменија целиот натпревар го одигра и вториот вардаров фудбалер, Барсегјан. Хет-трик за Полска запиша Левандовски.

Се вчитува...