Хамес: Чувствувам дека ова би можела да биде моја сезона

Колумбискиот репрезентативец Хамес Родригез се надева дека сезонава би можел да има важна улога во екипата на Реал Мадрид. Колумбиецот по двегодишната позајмица во Баерн Минхен сезонава се врати во „кралскиот клуб“.

„Чувствувам дека ова би можела да биде моја сезона“, изјави накратко Родригез.  

Иако раководството на Реал изрази желба да го продаде во преодниот рок, сепак ниту Наполи ниту Атлетико Мадрид не можеа да исратат понуда која ќе биде прифатена од „кралевите“.

Се вчитува...