Хамес Родригез се врати во Колумбија и потпиша за Атлетико Насионал. Поранешниот играч на Реал Мадрид и Баерн пристигна како слободен играч по заминувањето од американскиот клуб Минесота, а договорена е соработка во времетраење од една година, со можност за продолжување.
За 35-годишниот играч од средниот ред, ова е само втор клуб во колумбиската прва лига, по Енвигадо, каде што ја започна својата професионална кариера во 2006 година. Насионал го објави неговото доаѓање на социјалните мрежи, а преговорите се чуваа во тајност до последниот момент.
Хамес беше без клуб од јули, а пред враќањето во татковината се поврзуваше со италијанскиот второлигаш Авелино. За Минесота одигра само осум натпревари. Сега неговата главна цел е да го врати натпреварувачкиот ритам. Последниот натпревар го одигра на почетокот на јули, а Насионал очекува дека неговото доаѓање ќе донесе дополнителна креативност во борбата за титулата.
Џејмс има одиграно 131 натпревар за Колумбија и постигнато 31 гол. Најдобриот период од кариерата го имаше на Светското првенство во 2014 година, кога ја освои „Златната копачка“ со шест постигнати гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
