Хамес Родригез не тренира со Колумбијците, неизвесен за дуелот со Англија

Репрезентацијата на Колумбија стои пред англискиот осминафинален предизвик на Светското фудбалско првенство и за него се подготвува под сенката на неизвесност околу настапот на првата ѕвезда, Хамес Родригез. Тој вчера не тренираше со соиграчите. Од колумбијската федерација нема официјален став околу неговата состојба.

Во кратките изјави на дел од играчите по тренингот не можеше да се добие вистинската слика за ситуацијата.

„Хамес е лидер, но сигурен сум дека и ако тој не игра, ќе има некој да направи разлика“ – изјави највозрасниот во репрезентацијата, Карлос Санчез.

Хамес Родригез се повреди на дуелот на Колумбија против Сенегал. Теренот го напушти по само половина час игра. Четвртфиналниот натпревар на Колумбија против Англија е во вторник.

Се вчитува...