Хамес Родригез неизвесен за осминафиналниот дуел со Англија

Фудбалската репрезентација на Колумбија ќе ги одмери силите со Англија во осминафиналето на Мундијалот во Русија, а сите погледи на фановите, како и на селекторот Хозе Пекерман, се насочени кон Хамес Родригез. Одличниот креатор на играта заработи повреда на потколеницата на дуелот со Сенегал и го напушти теренот по само половина час. Неговиот настап против Англичаните е крајно неизвесен.

„Се надеваме на добри вести од лекарскиот тим. Хамес Родригез е еден од клучните играчи во нашата селекција и без него секако Колумбија не е ист тим. Ништо не навестуваше претходно дека Хамес има здравствени проблеми. Едно е сигурно, против Англија во осминафиналето ќе добијат шанса најподготвените фудбалери. Секако дека би сакал и Хамес Родригез да биде меѓу нив“, изјави селекторот на Колумбија, Хозе Пекерман.

 

Се вчитува...