Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид и Баерн Минхен, Џејмс Родригез, би можел да ја продолжи кариерата во американската професионална лига МЛС. Според информациите, колумбискиот фудбалер е во завршни преговори со Минесота Јунајтед.
34-годишниот играч е слободен агент откако го напушти Леон од Мексико во декември. За време на неговиот престој во Леон, Хамес одигра 34 натпревари, постигна пет голови и девет асистенции.
На крајот од минатата година се појавија шпекулации дека е блиску до договор со Орландо Сити, но тие не беа потврдени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

