Хамес Родригез се враќа во Европа, во дресот на Вест Хем

Очигледно кратко ќе трае авантурата на Хамес Родригез во Катар. Родригез од јуни најверојатно повторно се враќа во Европа, и тоа извесно во дресот на лондонски Вест Хем во најсилната лига на Стариот континент.

Официјалните информации од актуелниот негов клуб, Ал Рајан, се дека е повреден поради што нема настап од 5. март. Но, се погласни се информациите дека намерно не игра затоа што сака да замине од Катар и да се врати во Европа.

Родригез претходно во својата кариера играше за Баерн, Реал Мадрид, Монако… Во Европа пристигна во 2010 година потпишувајќи за Порто.

Се вчитува...