Хамилтон до пол-позицијата на трката за Големата награда на Монако

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон постигна најдобро време во квалификациите за трката од Големата награда на Монако од Светскиот шампионат во Формула 1, па утре ќе стартува од пол-позицијата.

Веднаш до Хамилтон утрешната трка ќе ја стартува неговиот клупски колега Валтери Ботас, а понатаму во денешниот пласман од квалификациите следат Макс Верстапен (Ред Бул), Себастијан Фетел (Ферари), Пјер Гасли (Ред Бул), Кевин Магнусен (Хас) и Даниел Рикиардо (Рено). Во Топ 10 се уште и Даниел Квјат (Торо Росо), Карлос Саинц и Александар Албон.

Трката за Големата награда на Монако утре стартува со почеток од 15:10 часот.

Се вчитува...