Хамилтон e „вљубен“ во Ред Бул: Тоа е убедливо најбрзиот болид…

Првите Големи награди во новата сезона во Формула 1 донесоа апсолутна доминација на Ред Бул. Макс Ферстапен и Серхио Перез два пати стигнаа до „еден-два“ победа наговестувајќи дека единствената битка за шампионската титула може да биде само меѓу нив самите.

Импресиите од супербрзиот болид на Ред Бул не ги кријат ни останатите шефови на тимови, а ни самите возачи. Пофални зборови за РБ19 овој пат имаше и Луис Хамилтон.

„Кога во Мерцедес бевме брзи не бевме толку брзи. Ова е убедливо најбрзиот болид во споредба со конкуренцијата која некогаш сум ја видел“, изјави Британецот.

Се вчитува...