Хамилтон лут: Стојам сам како единствен црнец во спортот во кој доминираат белите

Соединетите Американски Држави деновиве се „размрдани“ од големи протести поради смртта на Џорџ Флојд кој беше брутално убиен при приведување од полициски службеници.

Ширум САД почнаа протести поради убиство на црномурест државјанин, а на протестите се придружија и многу познати личности. Поголемиот дел од нив преку социјалните мрежи порачаа дека бараат правда за убиениот Флојд.

Околу случајот се огласи и шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон кој жестоко ги критикуваше сите кои се дел од Формула 1-семејството а воошто не се огласија за случувањата во САД.

„Ве гледам сите вас кои молчите, едни од најголемите светски спортски ѕвезди и сепак се одлучивте да молчите и така да ја поддржувате неправдата. Ниту еден знак или потег на било кој од мојата индустрија која припаѓа на спорт во кој доминираат белите. Јас сум единствениот црнец во овој спорт и повторно стојам сам. Сега знам дека ќе кажевте нешто да сакавте, но очигледно не сакате да бидете со нас. Само да знаете дека сега знам за какви луѓе се работи“ – порача Хамилтон и дополни:

„Само да се знае дека не ги поддржувам оние кои палат згради и рушат се пред себе, туку луѓето кои мирно протестираат и бараат правда. Нема да има мир додека лидерите не направат промени. Ова не е само во САД, туку и во Велика Британија, Шпанија, Италија и цел свет. Начинот на кој се третираат малцинствата мора да се промени. Никој од нас не се раѓа со расистички мисли во себе и со омраза во срцето, но тоа го учиме од оние на кои се угледуваме“.

Се вчитува...