Хамилтон лут на колегите: „Луѓето не разбираат што се случува…, јас ќе ги научам“

Поголемиот дел од возачите во Формула 1 се договорија да клекнат пред денешната трка во Австрија, како гест на борбата против расизмот пред продолжението од сезоната. Сепак, пооделни возачи не се согласија на такво нешто.

„Ја опишав ситуацијата така што тишината значи соучество. И натаму постои тишина во некои случаи. Не треба да молчиме… И натаму постојат луѓе кои не разбираат што се случува и кои се причините за еден ваков тип протести. Јас ќе продолжам да им бидам водач на колегите се додека не разберат“ – вели Луис Хамилтон.

Медиумите наведуваат дека за никого од возачите не е спорна борбата против расизмот, но одреден дел не е сигурен дали сакаат таа борба да биде со клечење пред трките.

Трката за Големата награда на Австрија од Формула 1 стартува од 15 часот.

Се вчитува...