Хамилтон: Ми застана срцето кога си ја видов гумата…

Луис Хамилтон ја забележа најдраматичната победа во својата кариера откако успеа да мине прв низ целта на денешното британско гран-при иако му се дупна гумата на половина круг пред крајот. За среќа, актуелниот светски првак имаше предност од над 20 секунди во однос на второпласираниот Макс Ферстапен, па и покрај бавното возење до крајот сепак успеа да мине прв низ целта.

„Вакво нешто досега ми се нема случено, нормално дека сум пресреќен што победив во вакви услови. До последниот круг се беше во најдобар ред, а потоа во еден момент си ја погледнав гумата… и срцето ми застана. Беше јасно дека проблемот е огромен, за дел од секундата ме фати паника, но луѓето од мојот тим ме смирија откривајќи ми дека имам солидна предност пред Ферстапен. Како што минуваше времето предноста се намалуваше, 10..9…8…7 секунди, имав проблеми и да го контролирам болидот на последните два свиоци, но за среќа успеав да стигнам прв“, изјави Хамилтон.

Шампионатот во Формула 1 продолжува следниот викенд со уште една трка што ќе се вози на патеката Силверстоун.

Се вчитува...