Хамилтон на пол – позиција на „Интерлагос“

Новиот светски првак Луис Хамилтон ќе ја има пол – позицијата на „Интерлагос“, на утрешната трка за Големата награда на Бразил во Формула 1. Тој оствари најдобро време во квалификациите, истовремено и рекорд на патеката, и заврши пред Себастијан Фетел и пред Валтери Ботас. Вториот ред ќе го пополни и Кими Раиконен.

„Го имам ликот на Аиртон Сена на мојот шлем. Секогаш со радост се враќам во Бразил. Во мојата прва трка овде за голем противник го имам Фелипе Маса, овојпат до последен момент не знаев дали ќе се изборам за пол – позиција. Временските услови одеа „горе – долу“, но на крајот се излезе добро за мене“, изјави Луис Хамилтон.

За Британецот, кој веќе ја потврди шампионската титула во оваа сезона од Формула 1, утрешниот старт ќе биде од 82. пол позиција во кариерата. Сепак, својот збор ќе мора да го кажат и стјуардите, со оглед дека ќе се разгледува и еден спорен момент од возењето на Хамилтон.

Се вчитува...