Хамилтон најбрз на тренинзите на Алберт парк

Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, беше најбрз на првите два тренинга, воочи првата трка сезонава за Големата награда на Австралија. Британецот покажа дека е подготвен за предизвикот кој го носи новата сезона.

Првиот тренинг, Британецот го заврши со време од 1:23.599 минути, што беше за само 38 илјадити делови од секундата побрзо од Германецот Себастијан Фетел. Од Ферари беа задоволни по првиот тренинг бидејќи третото место му припадна на Шарл Леклерк, кој доцнеше 74 илјадитинки.

Мерцедес и Ред Бул одговорија на предизвикот на Ферари на вториот тренинг. Хамилтон повторно беше најдобар со време од 1:22.600. Второто најдобро време му припадна на неговиот тимски колега Валтери Ботас, а пак трет беше Макс Верстапен од Ред Бул.

Квалификациите за првата трка сезонава се в сабота со почеток во 7 часот.

Се вчитува...