Хамилтон: Најтешката трка во кариерата

Актуелниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон четврти пат сезонава беше на највисокото место на победичкиот подиум. Неговиот триумф во Монако беше шести последовен успех за Мерседес во актуелниот шампионат. Сепак, речиси беспрекорниот Мерцедес ја направи првата голема грешка. Го испрати Хамилтон со погрешни гуми и потоа тој мораше да се мачи цела трка со проблематични пневматици борејќи се со најагресивниот возач во првенството.

„Тој не спаси. Неговото возење не спаси“ – призна по трката, шефот на Мерцедес, Тото Волф.

Хамилтон звучеше бесно додека се објасуваше со инженерите на тимското радио, но по победата беше далеку посмирен.

„Ова ми беше најтешката трка во кариерата. Сум имал многу трки, но ова беше мачно, и со болидот и со гумите и со Ферстапен зад мене. Ова беше најголемиот предизвик што сум го имал. Навистина сум среќен што успеав да го изведам ова“ – рече Хамилтон.

По шест трки во сезоната. Хамилтон има 17 бода предност пред тимскиот партнер Валтери Ботас. Мерцедес е на 118 бода пред Ферари.

Се вчитува...