Хамилтон не е задоволен од болидот на Мерцедес на стартот на сезоната

Седумкратниот шампион во Формула 1 и возач на Мерцедес, Луис Хамилтон, изјави дека е добро што новиот „W13“ болид нема проблем да отскокнува како неговиот претходник, но дека не му требало долго да ги види недостатоците со кои ќе се бори германскиот тим на почетокот на сезоната.

Тимот предводен од Тото Волф има освоено осум последователни конструкторски титули од 2014 година, додека Хамилтон шест пати беше најдобар возач од неговото прво славје со Мекларен во 2008 година како член на германскиот тим.

„Ги предвидов нашите проблеми штом седнав во автомобилот и го возев за прв пат. Добро е што нема отскокнување, за разлика од лани. Препознавањето на другите недостатоци е многу тешко со отскокнувањето, затоа се мачевме толку многу во 2022 година. Решавањето на тој проблем не поттикна, сите сакаме да се вратиме на врвот. Не сме во посакуваната позиција пред првата трка, но ова е група на луѓе кои претходно освојувале шампионски титули – верувам во нив“, изјави Хамилтон.

Шампионатот во Формула 1 започнува со трката за големата награда на Бахреин која на програмата е во недела.

Се вчитува...