Хамилтон неприкосновен во Унгарија, осма рекордна победа на Хунгароринг

Актуелниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон ја оствари втората победа во новата сезона и го презеде врвот во гернералниот поредок од тимскиот партнер, Валтери Ботас. Бритнецот триумфираше на третото натпреварување сезонава, големата награда на Унгарија и го достигна рекордот на Михаел Шумахер од осум победи на една патека. Хамилтон претходно на Хунгароринг триумфираше и во 2007, 2009, 2012, 2013, 2016, 2018 и минатата година. Шумахер ги има осумте победи од трката во Франција. Пилотот на Мерцедес слави во Унгарија трета година по ред.

Вторто место му припадна на Макс Ферстапен кој иако имаше проблеми во текот на трката се избори за одлична позиција на крајот. Третопласиран заврши Ботас. Ферари повторно имаше лош ден, Себастијан Фетел заврши на шестото место, а Шарл Леклер дури на 11. место.Хамилтон сега има 63 бода, шест повеќе од Ботас кој падна на второто место.

Следната трка е по две седмици, на 2. август во Велика Британија каде седум дена подоцна ќе има уште едно натпреврување.

Се вчитува...