Хамилтон: Ни моите родители не знаеjа дека потпишав за Ферари

Седумкратниот шампион во Формула 1 шампионатот, Луис Хамилтон во 2025 година ќе го промени болидот и по долги години поминати во Мерцедес ќе седне во црвениот болид на Ферари.

Во разговор на подкастот на „Би-би-си“ откри повеќе детали за одлуката од кои најинтересен беше оној дека никој не знаел за ангажманот во италијанскиот тим.

„Никој не знаеше за Ферари. Не им кажав ни на родителите се до денот кога беше објавено. Така да никој не знаеше. Го направив тоа за себе, чувствував дека морам да откријам што беше најдобро за себе.

Целата работа се заврши многу брзо. Фред Васер го познавам веќе некое време. Што е до мене, бев возбуден за новата сезона, но не знаев што се подготвува во иднина ниту колку долго ќе возам. Се чувствував многу мотивирано и возбудено дека ќе продолжам да возам. Имав шанса и си реков себе си дека морам добро да размислам. Немав ни многу време за одлука и одлучив да го следам инстинктот. Одлучив да ја искористам шансата“, изјави Хамилтон.

Се вчитува...