Хамилтон: Ова е надреално чувство, крајно емотивна е целата оваа ситуација

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон вели дека целата оваа ситуација му се чини „надреална“ затоа што влегува во својата последна сезона со Мерцедес.

Хамилтон од 2013 година е во Мерцедес со кого освои шест од седум свои титули. Сега, една година порано ќе ја напушти екипата и од следната сезона ќе вози за Ферари, што е неочекуван трансфер кој ја раздрма Формула 1 и го изненади директорот на Мерцеде, Тото Волф.

„Многу е емотивна целата оваа ситуација. Надреално е да се биде овде, со оглед на тоа што 11 години сум со екипата и ја почнувам 12-та сезона. Привилегија е да се работи со оваа група луѓе која вложува многу од себе за мене и за овој тим“ – истакна Хамилтон.

Мерцедес ќе го тестира новиот болид на патеката Силверстон, а „целта е екипата да се врати таму каде што беше некогаш“, неведе Хамилтон.

Покрај долго очекуваните промени во концептот на автомобилот, екипата го смени и дизајнот со традиционалната сребрена боја сега на носот на Мерцедес и зелената боја на спонзорот Петронас, на црна основа.

Се вчитува...