Хамилтон падна од мотор на супербајк тест

Петкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон и за време на паузата, одново е на патеката. Но, не во болид, туку на мотор.

Хамилтон викендов учествувал на тест-возење во Супербајк на патеката „Херес“ и имал пад од мотоциклот, но нема посериозни последици.

Според „Газета дело Спорт“, Хамилтон возел Јамаха ЈЗФ-Р1, истиот мотор што го користи тимот во Супербајк шампионатот. Британецот возел исчистена црна верзија на моторот со број 44.

Хамилтон е познат како фан на трките во МотоГП, а пред една година стана заштитно лице на брендот МВ Агуста, а италијанската компанија издаде и лимитирана серија мотори со иницијалите на Луис Хамилтон.

Се вчитува...