Хамилтон победи во Шпанија, петта 1-2 победа за Мерцедес

Луис Хамилтон е новиот лидер во Формула 1 шампионатот откако триумфираше сигурно на трката за Големата награда на Шпанија на Каталуња. Тој уште на стартот го презеде водството од Валтери Ботас и не го испушти до крајот на натпреварувањето.

Британецот го имаше и најбрзиот круг на трката и за тоа добива дополнителен бода плус победничките 25. За актуелниот шампион ова е 76 победа во кариерата, а трета последовна на шпанското Гран-при.

Мерцедес и петти пат сезонава успеава за забележи 1-2 успех. Ботас го зазаеде второто место, позиција на пиедесталот избори и Макс Ферстапен. Фетел заврши на четвртата позиција.

Хамилтон сега е водечки во поредокот на возачи со 112 бода, Ботас има 102 на вторто место. Ферстапен е трет во генералниот поредок. Во конкуренција на конструктори, Мерцедес е далеку напред пред Ферари.

Следната Формула 1 трка е по две седмици во Монако.

 

 

Се вчитува...