Хамилтон: Што попрво да гледаат навивачите во недела, Вимблдон, Ф1, крикет?

Актуелниот шампион во Формула 1 Луис Хамилтон вели дека не е во ред тоа што во недела покрај тоа што ќе се вози ГН на Британија на Силверстоун, ќе биде и машкото финале на Вимблдон, како и финалето на Светското првенство во крикет.

„Не можам да разберам како организаторите можеа да ја стават трката да биде во ист ден како и финалињата на Вимблдон и на Светското првенство во крикет. Што да прават гледачите? Да ги менуваат каналите несигурни што се можат да пропуштат? Не има нас неколку Британци кои ќе се бориме за победа во Силверстоун, но верувајте сето тоа за жал ќе биде во втор план“, изјави Хамилтон. 

Трката за ГН на Британија која се вози на Силверстоун е закажана за во недела во 15:10 часот.

Се вчитува...