Луис Хамилтон го зеде со себе својот мобилен телефон за да ја овековечи новата победа на јапонското гран-при. Сепак, неколку минути подоцна тој за момент си го заборави телефонот, кој заврши во рацете на Дани Рикиардо, а Австралиецот уште еднаш покажа зошто важи за еден од најзабавните ликови во Ф-1 циркусот.
Тој не само што направи неколку селфи фотографии, туку и експресно истите ги закачи на Инстаграм-профилот на Хамилтон.
Британецот подоцна увиде што се случило, но со смеа коментираше на темата, очигледно расположен по големиот триумф и чекорот напред кон новата Ф-1 титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА