Хамилтон со грешка како Фетел, но помина без казна

Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон беше најбрз на првиот тренинг за големата награда на Франција, но поради инцидент на вториот слободен тренинг на патеката ФИА отвори истрага против него.

Во текот на тренингот на „Пол Рикард“, Хамилтон удрил во граничникот на патеката, а потоа се приклучи наоѓајќи се пред Макс Верстапен кој морал да го избегне болидот на Британецот.

Од ФИА го разгледаа инцидентот и одлучија да не преземат акција против Хамилтон, а одлуката беше донесена еден час подоцна по одбивањето на жалбата на Ферари за грешката на Фетел на ГН награда на Канада.

 

 

Се вчитува...