Хамилтон со пол позиција во Австралија ја отвори Ф1 сезоната

Формула 1 шампионот, Луис Хамилтон на најдобар можен начин ја отвори новата сезона. Ја освои пол позицијата на воведното натпреварување, трката за Големата награда на Австралија со која тргна најбрзиот шампионат во  светот.

За Британецот ова е осма пол позиција во Мелбурн, со што го израмнува рекордот според бројот на најдобри стартни позиции на една патека со Шумахер на Сузука и со Сена на Имола. Хамилтон шеста година по ред е најбрз на квалификациите во Австралија.

Тој се израмни со Шумахер и според бројот на пол позиции во еден тим, двјацата сега се на бројка од 58.

Тимскиот партнер на Хамилтон , Валтери Ботас утре ќе биде со него во првиот стартен ред бидејќи во квалификациите имаше второ време. Вицепрвакот и прв пилот на Ферари, Себастијан Фетел имаше трет квалификациски резултат и ќе биде во вториот ред заедно со Макс Ферстапен од Ред Бул.

Се вчитува...