Хамилтон: Среќен сум што повторно победувам

Британецот Луис Хамилтон вчера триумфираше во Австрија, што за него е прва победа сезонава во шампионатот во Формула 1. Тој на втората трка на Ред Бул ринг победи пред тимскиот колега Валтери Ботас и Макс Ферстапен од Ред Бул.

„Среќен сум што повторно победувам, по лошата трка минатиот викенд. Тоа е голем чекор напред за мене. Тимот одработи одлично, мое беше само да го контролирам тоа на вистински начин. Им се заблагодарувам на сите“, изјави Хамилтон. 

Следната трка во најбрзиот циркуз во светот е за седум дена на Хунгароринг во Унгарија.

Се вчитува...