Хампус Ване претставен во Барселона

Ракометниот европски шампион Барселона го претстави шведскиот ракометар Хампус Ване. Одличното лево крило потпиша договор со каталонскиот тим во траење од три години до крајот на сезоната 2024/2025 година.

Тој треба во Барселона да биде замена за Анхел Фернандес кој во новата сезона ќе биде дел од францускиот Лимож.

„Барселона е најголемиот клуб во светот. Потписот со овој клуб е голем чекор во мојата кариера. Моја цел е да го кренам нивото на мојата игра уште повисоко“, изјави Ване на промоцијата. 

Се вчитува...