Хамшик на зима го напушта Наполи и заминува во Кина

Словачкиот интернационалец Марек Хамшик по 11 години поминати во Наполи, најверојатно ќе го напушти Сан Паоло во зимскиот преоден рок. Тој не е во плановите на тренерот Карло Анчелоти и веќе му најавил на својот агент да отпочне разговори со други клубови, со цел да ја промени средината.

Најголемо интересирање за Хамшик има од Кина, но постои можност тој да се пресели и во Шпанија. Бетис е клубот кој покажува желба да го ангажира, прво како позајмен играч, а потоа и комплетно да го откупи неговиот договор.

Се вчитува...