Хандановиќ пред потпис на нов договор со Интер

Интер и голманот Самир Хандановиќ преговараат за продолжување на договорот кој истекува ова лето, а според последните информации двете страни се многу блиску до договор. Новата соработка ќе биде за само една година до јуни 2023 година.

Словенечкиот голман е подготвен да прифати и намалување на платата за да остане во италијанскиот клуб.

37-годишниот Хандановиќ е капитен на тимот. Тој игра за Интер од летото 2012 година, кога се пресели од Удинезе за 15 милиони евра. Оваа сезона тој учествуваше на 23 натпревари во италијанската Серија А, на кои прими 19 гола и заврши 10 меча со празна мрежа.

Се вчитува...