Хансен „поцрвене“, ама Данска ја преслуша Унгарија

Ракометната репрезентација на Данска стигна до првата победа на Европското првенство во Хрватска, откако ја совлада Унгарија со 32-25 во последниот меч од денешната програма. Данците го контролираа овој дуел, па дури и кога нивниот најдобар ракомет Микел Хансен заработи црвен картон и исклучување.

На полувремето Данска имаше предност од два гола (14-12), а во вториот дел стигна и до поубедлив триумф. Лауге со седум гола беше најефикасен во победничката селекција, а Хансен беше стрелец на шест погодоци. Кај Унгарците, Донар Барток постигна четири гола.

Се вчитува...