Хаос без граници: Челси пријави нови тројца позитивни фудбалери на коронавирус

Коронавирусот зема огромен замав во Велика Британија, па се поголем е случајот на заразени фудбалери во Премиер-лигата. Веќе се одложени три натпревари од ова коло во елитното друштво (Брентфорд – Манчестер Јунајтед, Барнли – Ватфорд и Лестер – Тотенхем), а многу лесно може да се случи да не се игра ниту вечерашниот дуел меѓу Челси и Евертон.

Лондонскиот клуб денеска пријави тројца нови позитивни фудбалери, откако Матео Ковачиќ неодамна се зарази од коронавирус се уште не му е на располагање на тренерот Тухел. Имињата на новозаразените играчи не се објавени во јавноста, но јасно е дека доколку мечот се игра, Челси ќе биде значително ослабен против „карамелите“.

Челси моментно се наоѓа на третото место на премиерлигашката табела, со пет бода заостанување и натпревар помалку во однос на лидерот Манчестер Сити.

Се вчитува...