Хаос и во Шпанија пред финалето на „Купот на кралот“

Навивачите на Атлетик Билбао и Мајорка се судрија во Севилјаа пред вечерашното финале на „Купот на Кралот“. Недолго по веста за пресметката на навивачите на Рома и Лацио, слични пристигнуваат и од Пиринејскиот полуостров, но овој пат меѓу екипи без ривалство.

Мајорка и Атлетико од 22 часот ќе решаваат за победникот на националниот куп на „Ла Картуха“, а пред тој дуел се случи жестока пресметка на навивачките групи по улиците на градот.

На снимката што ја сподели „Радио Марка“ се гледа како две спротивставени групи меѓу другото фрлаат меѓу себе со факели и столови.

Се вчитува...