Хаос – Мбапе во солзи, црвен картон и тепачка во куп финалето (ВИДЕО)

Килиан Мбапе со солзи во очите го напушти теренот во финалето на Купот на Франција меѓу ПСЖ и Сент Етиен, откако во 31. минута Перин „крвнички“ стартуваше над асот на Пари Сен Жермен. По стартот следуваше масовна тепачка, а Перин доби директен црвен картон.

Трагедијата да биде поголема за Перин кој е легенда на клубот ова требаше да биде крај на богатата кариера која трае од 2003 година, а за тимот има запишано 470 настапи. По првиот дел резултатот е 1-0, откако Парижаните поведоа со голот на Нејмар.

 

Се вчитува...