Хаос во Берн: Швајцарците провоцираа со Косово, па изедоа ќотек од „Делије“

Дуелот меѓу Јанг Бојс и Црвена Звезда од квалификациите за ЛШ имаше неславна увертира по тепачката меѓу навивачите на двата тима на улиците на Берн. Српските медиуми јавуваат дека се почнало кога домашните фанови упатувале провокации поврзани со независноста на Косово, по што следела бурна реакција на приврзаниците на „црвено-белите“.

Полицијата не реагирала благовремено, а потоа за да го смират инцидентот припадниците на безбедносните единици испукале неколку куршуми во воздух, по што навивачите се разбегале.

Се вчитува...