Хаос во Ферари: Леклер се налути на Саинц, тешка атмосфера во Мелбурн (ВИДЕО)

Ферари имаше разочарувачки квалификации за трката за Големата награда на Австралија.

Шарл Леклер ќе стартува утре дури од седмата позиција, додека неговиот колега Карлос Саинц ќе стартува од петто место.

Леклер беше навистина лут по квалификациите на својот клупски колега Саинц обвинувајќи го дека возел премногу бавно во последниот обид за подобро време па го закочил и него самиот. Шпанецот на сето тоа побара објаснување од колегата, па очигледно во гаражата имаа тежок разговор во тмурна атмосфера.

„Во првиот и вториот дел од квалификациите не бев на ниво, но во третиот дел мислев дека ќе го поправам резултатот. Не знам што се случи во последниот обид, дали лошата комуникација со радиото на Карлос или нешто друго. Се најдов зад него и тоа не беше добро“ – изјави Леклер по квалификациите.

Се вчитува...