Хаос во Франција: Се урна заштитната ограда, повредени навивачи на Лил (видео)

Натпреварот од француското првенство меѓу Лил и Амиен беше прекинат по само 15 минути игра откако дел од гостинските навивачи се здобија со повреди по попуштањето на заштитната ограда.

Во 15. минута гостите поведоа со голот на Туре, кој отиде да го прослави погодокот пред своите фанови. Вообичаено, навивачите се стрчаа кон долниот дел од трибината, но настана хаос откако оградата попушти, па дел од нив се најдоа на земја прегазени од останатите.

Првичните бројки беа 19 повредени навивачи, од кои три посериозно кои беа пренесени во најблиската болница. Официјалните лица и претставниците на клубовите по долги консултации на крајот решија мечот да биде прекинат биејќи веќе не постојат услови за безбедност на присутните на стадионот.

Се вчитува...