Хаос во Хјустон: Еден играч го гаѓаше тренерот, друг не сакаше да влезе во игра…

Хјустон рокетс се наоѓа во криза, што кулминираше откако двајца кошаркари на овој тим влегоа во конфликт со помошниот тренер Џон Лукас.

Искусниот 68-годишен стручњак пред остатокот од тимот ги прозвал Кристијан Вуд и Кевин Портер џуниор, занедоволно залагање во првото полувреме на дуелот со Денвер. Стручниот штаб бил особено бесен поради незалагањето во одбраната и примените 47 поени во втората четвртина, по што во соблекувалната на полувремето дошло до сериозен конфликт.

Кевин Портер џуниор ги загубил нервите откако тренерот му кажалдека е далеку од посакуваното ниво, па дури и го гаѓал Лукас со тврд предмет, а потоа тргнал и во физичка пресметка со 47 години повозрасниот стратег, пред да биде запрен од соиграчите.

Критиките кон Вуд се однесувале на неговата неодговорност, откако овој кошаркар задоцнил на загревањето, пропуштајќи го и тестирањето на Covid-19. Тренерите решиле да го санкционираат со тоа што нема да биде стартер, тој подоцна одигра осум минути до крајот на полувремето, а по конфликтот на паузата одбил да влезе во игра во второто полувреме.

Сигурно ќе следат санкции за недисциплинираните кошаркари, но едно е јасно – оваа сезона е дебакл за Хјустон рокетс, тим кој со 10 победи и 27 порази е закован на последното место во Западната конференција.

Се вчитува...