Хаос во Јуве: Трет позитивен играч на коронавирус пред дербито со Наполи

Дерби-дуелот меѓу Јувентус и Наполи беше одложен уште од месец октомври откако гостите не допатуваа во Торино бидејќи имаа двајца позитивни фудбалери во своите редови.

Оваа пресметка треба да се игра утре, но сега ситуацијата е сосема спротивна, Јувентус е тимот кој се соочува со огромни проблеми со коронавирусот во пресрет на дуелот со „наполитанците“. Демирал се врати од Турција позитивен, а по враќањето од настапите за италијанската репрезентација позитивни се и Леонардо Бонучи и Федерико Бернардески.

„Дали е фер ситуација? Не станува збор за фер, туку за почитување на законите и на протоколите, а Јуве како клуб секогаш го правел тоа. Без разлика со кој тим ќе излеземе на терен, сигурно ќе сториме се за да победиме“, изјави тренерот Андреа Пирло, кому му се заканува отказ доколку не успее да ги совлада „наполитанците“.

Се вчитува...