Хаос во Мајами: Батлер го прозва тренерот на тепачка, реагираше Хаслем (ВИДЕО)

Мајами забележа пораз од десеткуваниот Голден Стејт во натпревар во кој првата ѕвезда на Хит, Џими Батлер го прозва тренерот Ерик Сполстра на тепачка. Имено при тајм-аут дојде до остри зборови помеѓу овие двајца, а откако реагираше Батлер, реагираше и клупската легенда Јудонис Хаслем.

Брзата интервенција на соиграчите спречи поголем инцидент, но што ќе донесе оваа ситуација за Мајами Хит останува да видиме. Батлер е добро познат по инцидентите и кавгите со соиграчите, а ова е прв „излив на емоции“ на еден натпревар во дресот на клубот од Флорида.

По крајот на мечот во одбрана на Батлер застана и тренерот Сполстра кој вели дека ваквите моменти треба да бидат инспорација за тимот да заигра на посакуваното ниво.

„Имаме компетативна група на играчи, а втор натпревар во ред не пребиваат. Не играме на нивото на кое посакуваме и пратично секој од нас на тој тајм-аут покажа разочарување поради тоа. Овие моменти треба да ги искористиме за катапултирање, галванизирање од фрустрацијата и разочарувањето“, изјави Сполстра.

Се вчитува...