Хаос во Манчестер Јунајтед: Физичка пресметка меѓу играчите на тренинг, Рангник веднаш го прекинал тренингот

Нема крај на крајно лошата атмосфера во редовите на Манчестер јунајтед како резултат на очајната натпреварувачка сезона која ја минуваат „црвените ѓаволи“.

Што се случува вистински во редовите на Јунајтед, повеќе од показател е и последниот принудно прекинат тренинг на тимот откако дошло буквално до физичка пресметка меѓу двајца фудбалери.

Како што тврди „Сан“, Ралф Рангник бил принуден да го прекине тренингот на тимот откако двајца првотимци, на кои не им се наведуваат имињата, буквално се фатиле за гуша.

Од Јунајтед не сакале ниту да ја демантираат ниту да ја потврдат информацијата, наведувајќи дека подготовките на тимот за следниот натпревар се одвиваат согласно планот и програмата на стручниот штаб. Но, англиските медиуми наведуваат дека ги знаат имињата на фудбалерите кои дошло до меѓусебен конфликт.

Се вчитува...