Хаос во НБА – голем број на ѕвезди во „ковид-протокол“

Проблемите со коронавирусот земаа голем замав и во НБА лигата . Откако поради голем број на позитивни случаи лигата мораше да одложи два натпревари во НБА лигата и останатите „франшизи“ почнаа да се соочуваат со големи проблеми.

Списокот во Бруклин нетс е се поголем, па по Џејмс Харден во „ковид-протокол“ се најдоа и Олдриџ, Милсап, Џонсон, Браун, Бембри, Херис.

Сепак, Нетс некако успеаја да соберат тим и синоќа во интересен меч да слават над Торонто со 131-129. Со проблеми се соочува и актуелниот шампион Милвоки Бакс во кој во протокол влезе првата ѕвезда на тимот Јанис Адетокумбо, кој можеби нема да може да се врати за мечот на Божиќ против Бостон. Исто така заедно со Гркот во „ковид-протокол“ заврши и Весли Метјуз.

Се вчитува...