Хаос во ПСЖ: „Светците“ одбиваат намалување на платите

Фудбалерите на ПСЖ отворено влегоа во конфликт со раководството на францускиот првак одбивајќи го понудениот предлог за намалување на платите. Арапските газди се пожалија дека кризата со коронавирусот ќе се одрази и врз функционирањето на клубот, а претседателот Ал Келаифи побара од играчите да покажат разумност и да го прифатат клупскиот предлог, според кој најплатените фудбалери би останале без 50% од примањата, а оние што заработуваат помалку би имале помало процентуално намалување.

Сепак, по молкот од страна на играчите во изминатите десетина дена, вчера дошло до состанок меѓу директорот Леонардо и капитените Тијаго Силва и Маркињос. Притоа, двајцата Бразилци како претставници на екипата јасно ставиле до знаење дека предлогот на управата е неприфатлив, по што состанокот експресно бил завршен.

Советите од ФИФА и УЕФА се јасни – не смее да има еднострано кратење на платите без согласност од страна на фудбалерите, па се очекува конфликтот во таборот на „светците“ уште повеќе да се зголеми во периодот што следи. Проблем плус е што четири фудбалери си одат на крајот од сезонава (Тијаго Силва, Кавани, Курзава и Муние), па сакаат да си ги наплатат парите од францускиот првак, а згора на тоа и управата не смее да тргне во жестока војна бидејќи истовремено се обидува да ги убеди Нејмар и Мбапе на останување.

Се вчитува...