Хаос во Сао Паоло: Прекинат меч од Копа Либертадорес (видео)

Возвратниот натпревар од осминафиналето во Копа Либертадорес меѓу Сантос и Индепендиенте во Сао Паоло беше прикинат на осум минути пред крајот поради дивеењето на бразилските навивачи. Хаосот настана поради незадоволстово на навивачите кои само 12 часа пред реваншот дознале дека нивниот клуб е во негатива од 3-0 поради службен пораз на првиот дуел кој инаку заврши без победник и без голови.

Фановите на Сантос ја гаѓаа противничката клупа и се обидоа на влезат на теренот. Брзата реакција на полицијата ги прекина нередите. И пред натпреварот, низ градот имаше дивеење на навивачите, а едно лице беше повредено со нож.

 

Се вчитува...