Откако репрезентацијата на Србија на Мундијалот во Катар доживеа фијаско завршувајќи го настапот на последното место во групата Г, продолжуваат проблемите и „циркузите“ во Фудбалската федерација на оваа земја.
Имено членови на федерацијата „удрија“ по селекторот Драган Стојковиќ Пикси. Тие велат дека Пикси добил бонус од 1,5 милиони евра за пласманот на Мундијалот, а првите луѓе на федерацијата, Ненад Бјековиќ, Стеван Стојановиќ и Јован Шурбатовиќ си поделиле по неверојатни 350.000 евра.
Стојковиќ заработува по 100.000 евра месечно, или 1,2 милиони евра годишно, а бонусот кој го земал во висина од 1,5 милиони евра бил за пласманот на Србија на СП во Катар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА