Хаос во тимот на Барди – Леванте го избрка и тренерот и директорите што го донесоа

Енис Барди ќе добие и трет тренер во Леванте сезонава, откако управата на шпанскиот прволигаш реши да му врачи отказ на Хави Переира. Овој стручњак пристигна пред два месеци во Леванте на местото на Пако Лопез, но се покажа како големо разочарување, тимот на нашиот Енис Барди не забележа ниту една победа под негово водство, по што Переира неславно го напушти кормилото на шпанскиот прволигаш.

Претседателот на Леванте, Кико Каталан, воедно им врачи отказ и клупските директори, Маноло Салвадор, Давид Наваро и Ману Фахардо, кои го препорачале Переира во потрагата за нов тренер пред нецели два месеци.

„Веруваме дека има доволно време за да ја свртиме сезоната во наша полза и да избориме опстанок. Дванаесет години сум на чело на Леванте и ова дефинитивно ми беше една од најтешките одлуки. Сепак, верувам дека ова е исправен потег. Дополнително ќе решиме кој стратег ќе го води Леванте до крајот на сезоната“, истакна изјави Каталан.

Се вчитува...